среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Кристијан: На мојот помал брат Борче ќе му бидам донатор на коскена срцевина, но ни требаат пари за операција

Кристијан Јовановски на неговиот фејсбук-профил моли за помош за неговиот брат. Тој ќе биде донор на коскена срцевина, но им требаат пари за операција.

„Ова е мојот помал брат Борче. Тој има 16 години и боледува од Бета Таласемија (ретка генетска болест).
Неговата состојба се влошува и итно мора да оди на операција (трансплантација на коскена срцевина) во странство.

Јас ќе бидам неговиот донатор (со идентична совпадливост) но, на мене и на мојата фамилија ни е потребна огромна сума на пари за да се излечи и затоа без Вашата хуманост ние не можеме да го оствариме лекувањето.

Со еден повик на следниве два броја Вие ќе донирате 100 ден. од еден повик а за нас ќе значи многу!
Ве молам да му помогнеме на мојот брат и да му дадеме шанса за нов живот“ пишува Кристијан.

Денеска се оддржува хуманитарна акција со поставен штанд на кои ќе бидат изложени колачи приготвени од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика -Скопје при Универзитет “Гоце Делчев”- Штип.
Штандот ќе биде поставен во околината на плоштадот во населба Автокоманда, општина Гази Баба, од 9 до 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top