среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Чудесен лек против настинка и кашлица – чај од ѓумбир!

Со доаѓањето на зимата и студените денови, на организмот му се потребни разни лекови за зајакнување на имунитетот поради подобра заштита од настинките и грипот.

Наместо купување на витамини во аптеките, определете се за консумирање на чај од ѓумбир кој содржи неверојатно хранливи материи.

Припремата на чајот од ваквиот корен е многу едноставна. Доволно е да земете едно парче ѓумбир од пет центиметри, да го исецкате на парчиња и да го варите десет до 15 минути. Чајот можете да го засладите со лимон поради подобар вкус.

Ѓумбирот се користи за лечење на разни здравствени тегоби, а некои од нив се мачнина, алергија, кашлица, воспаление на синусите, грип, настинка, воспаление на белите дробови, менструални тегоби, слаба циркулација, висок крвен притисок, несоница, непријатен здив итн.

Една шолја чај од ѓумбир помага при ублажување на мачнините, без разлика дали се работи за оние предизвикани при патување или поради храна. Тој е одличен за апсорбирање на хранливите материи од храната, а помага и во лекување на стомачните тегоби.

Чајот од ѓумбир ја смирува кашлицата и ефикасно ја лечи астмата, бидејќи го разредува секретот и ги шири дишните патишта. Кога чувствувате грозница, чајот од ѓумбир ќе ја регулира вашата телесна температура и циркулација. Поради високата концентрација на минерали и аминокиселини, ѓумбирот се користи и како превентивно средство за лекување на кардиоваскуларните болести.

Редовното консумирање на чајот од ѓумбир го намалува ризикот од мозочен удар, ги чисти вените и го намалува нивото на холестерол во крвта. Ефикасно ги намалува воспаленијата на зглобовите, а помага и во регенерација на уморните и оштетени мускули и зглобови.

Кога патите од менструалните тегоби, намокрете крпа во врел чај од ѓумбир и ставете го на долниот дел од стомакот.

Чајот од ѓумбир содржи антиоксиданси кои помагаат во јакнење на имунолошкиот систем. Некои истражувања покажале дека ѓумбирот е корисен во превенција на различни видови на рак.

Како и со останатите лековити чаеви, важно е да не претерувате со консумирање на чајот од ѓумбир бидејќи може да предизвика несакани ефекти. Исто така, не се препорачува консумација на празен стомак бидејќи може да го надразни желудникот и да предизвика дијареа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top