понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Даниел Сервер потврди: Заев е сериозен во намерата да го смени името

Дека Зоран Заев е донесен за премиер да го смени името речиси секојдневно покажуваат јавните настапи и пишувања како на странските аналитичари, така и медиуми од регионот и пошироко. Или како што истите говорат „надежта за решение на името дошла со доаѓањето на Заев на власт“. Ова го потврдува и самиот Заев и тоа постојано, при посетата на Словенија, во интервјуа за медиуми во регионот… Повторувањето е мајка на знаењето, така Заев си повторува за да ги убеди граѓаните, зошто пред изборите ветуваше решавање на секојдневните проблеми, но на дело со помош на министрите прави сосема друго, менува име, идентитет…

Последна во низата на вакви изјави е онаа на Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс. Тој во изјава за Македонската информативна агенција вели дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името, а со тоа и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Говорејќи за очекувањата од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.

– Да, решение, барем, за членство во НАТО, е можно во 2018 година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од Времената спогодба од 1995, приликите за тоа во моментов се ветувачки, вели Сервер.

Во контекст на тезата за промена на името Хојт Хи говореше минатата недела на дебата во Вашингтон. Тој изјави дека „прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение“.

Исчекор од Заев очекува и шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас. Тој изјави дека смета оти „прашањето ќе биде затворено во првата половина на наредната година, а македонскиот премиер Зоран Заев, дека треба да се направи чекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција“.

Новата рунда разговори на преговарачите на двете земји со посредство на Метју Нимиц, по подолга пауза беше најавена за 20 или 21 овој месец. Но според извори на МИА, истата е одложена и презакажана за декември. Притоа не се говори за причините за одложувањето на средбата. Деновиве за средбата пишуваа грчките медиуми. Според нив „Нимиц треба да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот“.

Тие одеа и подалеку и наведуваа дека „Атина очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, од Македонија да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top