среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Десет сообраќајки вчера во Скопје, 14 лица исклучени од сообраќај

Седум лица биле полесно повредени во пет од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет била причинета само материјална штета.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а тројца возачи поминале на крстосница на црвено свето.

Четиринаесет лица биле исклучени од сообраќај: двајца поради возење под дејство на алкохол, 10 кои се уште не се стекнале со право за возење и двајца возачи почетници. Санкционирани биле четири пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 41 непрописно паркирано возило. Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила. Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска
едукативна работилница ќе се одржи со учениците од второ одделение во ООУ „Његош“ во населеното место Јурумлери, општина Гази Баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top