среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

BMW го промовираше новиот начин на произведување на автомобили – i8 е првиот модел што ќе биде вака произведен

Минхен веќе со месеци го држи автомобилскиот свет во неизвесност околу премиерата на BMW i8 Roadster. Отворената изведба на спортскиот плаг-ин хибрид само го чека вистинскиот момент. Можно е i8 Roadster да го види светлото на денот веќе следниот месец.

BMW го вежба трпението на своите фанови, со серијата точно дозирани и темпирани подбуцнувања околу новиот BMW i8 Roadster. Отворената каросериска изведба на спортскиот хибрид BMW i8 се појави под маска уште во март годинава. Сега Баварците тврдат дека автомобилот е во завршна фаза од тестирањето, иако автомобилот веќе одамна е готов за старт. Родстерот го исчекувавме на неколку салони досега, но голема е веројатноста дека премиерата конечно ќе се случи на салонот во Лос Анџелес, во почетокот на следниот месец.

Во секој случај, на последните фабрички фотографии од i8 Roadster може за првпат да се забележи механизмот којшто ќе го преклопува покривот зад седиштата. Згоден детал е можноста за спуштање на задното стакло, коешто воедно ќе функционира како ветерна брана кога покривот е спуштен.

Изгледот на BMW i8 Roadster ќе се раководи според концептот i8 Spyder

Капацитетот на батеријата ќе биде зголемен во споредба со купе-изведбата, по примерот од фејслифтот на i3, а ќе порасне и системската моќност, од сегашните 362 на преку 400 КС. Продажбата ќе стартува напролет. Со родстерот пристига и фејслифтот за купето i8, вклучувајќи напреден кокпит со ракување преку гестикулација.

Top