сабота, 20 јануари 2018 | Вести денес: 24 ново

Агуеро пренесен во болница: Се онесвестил во соблекувалната

На пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Нигерија се случи непријатен момент, Серхио Агуеро се онесвестил на полувремето во соблекувалната по што веднаш бил префрлен во болница.

Аргентина на полувремето водеше со 2-1, еден од стрелците беше и Агуеро. Но во второто полувреме Нигеријците погодија три пати и победија со 4-2.

Агуеро не се појави на теренот во вториот дел, напаѓачот на Сити се онесвестил во соблекувалната и бил префрлен во болница.

„Имаше главоболка и мораше да замине“ – изјави селекторот Жорге Сампаоли.

Очигледно на Аргентинците не им било до фудбал во второто полувреме по она што се случило во соблекувалната во вториот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top