сабота, 20 јануари 2018 | Вести денес: 18 ново

Полската премиерка прогласи триумф: Полска ја победи ЕУ во спорот за мигрантите

Полската премиерка Беата Шидло соопшти дека владата ја победила Европската Унија во спорот за мигрантите наведувајќи дека Унијата дури и го променила ставот за ова прашање.

Шидло на заедничка прес-конференција со лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински, рекла дека ЕУ го сменила својот став благодарение на решителниот и непоколеблив став на Полска.

„На Полска денес во Европа се гледа како на држава ослободена од тероризмот“, рекла таа.

Полска одби да прими мигранти според обврзувачкиот план на ЕУ за распределба на овие лица. Варшава како аргумент за ваквата одлука истакна дека со прифаќањето муслимански мигранти би се загрозиле безбедноста на земјата и нејзиниот католички идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top