недела, 21 јануари 2018 | Вести денес: 86 ново

Детали за здравствената состојба на учениците и возачите по сообраќајката кај Демир Хисар

Десет од учениците кои се превезуваа во автобусот кој утринава се судри со комбе на патот Демир Хисар – Кичево се полесно повредени, а потешко повреден е еден од возачите на автобусот.

Од Клиничката болница во Битола, каде се однесени повредените, информираат дека повредените ученици по укажаната лекарска помош се пуштени дома, а возачот, кој е потешко повреден, е задржан на лекување.

– Децата се испратени дома без некои потешки повреди. Еден од возачите е прегледан и без некои потешки повреди е пуштен дома, додека другиот е задржан на болничко лекување на Ортопедија. Има фрактура на карлицата и подлив на екстремитетите, вели Зоран Лазарев, директор на Клиничката болница во Битола.

Сообраќајната несреќа се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево. Во автобусот се превезуваа 30-тина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top