среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Битолчанец измамен за 7 000 евра: Платил за работна виза за Австралија, му дале фалц документи

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Сиднеј – Австралија, со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.

Пријавенииот, на почетокот на октомври годинава, му ветил на Ц.Д. (46) од Битола, дека за паричен надомест од 7 700 евра, ќе му извади работна виза за Австралија, за него и неговата фамилија.

По кратко време пријавениот му признал на оштетениот дека документите коишто ги спремил се фалсификат и дека во Австралија му требале пари, па се договориле да му ги врати парите.

Првично, пријавениот, му вратил само 1.000 евра, додека останатите требало да ги врати до 23.10.2017 година, меѓутоа до моментот на поднесувањето на пријавата парите не му биле вратени.

Top