среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани

Екипата на Борусија Дортмунд по двете супер успешни сезони во натпреварувачките 2010–2011 и 2011–2012 и освојувањето на Бундеслигата, повторно падна во сенка на Баерн Минхен кој си ја врати доминацијата во Германија.

Нормално, овој пад на „милионерите“ се должи на продажбата на своите најдобри фудбалери, менувањето на тренерите, но и поради силината на својот најголем ривал.

Дел од таа победничка генерација на Дортмунд беше и Илкај Гундоган кој откри еден интересен детаљ од самата завршница на славеничката кампања, односно тие доаѓале пијани на тренинг во финишот и покрај тоа што се уште ја немале обезбедено титулата.

– По мечевите ние често изглегувавме заедно осум до десет играчи, многу од нас беа сингл. Следното утро на тренинг пристигнуваме пијани и тоа можеше да се забележи. Мислам тоа го правевме со мерка и тоа уште повеќе не поврзи, откил сегашниот член на Манчестер Сити.

Top