среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Дани Димитровска има нов албум: „Град за љубов“ има силна порака и многу љубов за Скопје

Пејчката Дани Димитровска, вчеравечер во клуб-ресторанот „МКЦ“ во Скопје го промовираше својот најнов албум со наслов „Град за љубов“. На албумот работела долго време заедно со Весна Малинова и направиле музика создадена со душа, позитивина енергија и музика со многу љубов.

Албумот има осум композиции, од кои веќе неколку познати на публиката и неколку нови. Носечка нумера на албумот не постои, бидејќи сите песни се содржители на суштината на животот, градот, односот кон себе и се друго.

– Град за љубов инспирира на враќање на другарскиот дух во градот. За суштински вредности зборуваме, оние подзаборавените. Во „МКЦ“ видов дека музиката се уште се сака, видов дека македонската музичка култура се издигнува со поддшка и љубов. Истото што го пејам и зборувам за луѓето и животот и градот. И тоа е суштината и таа ми е на албумот, вели Дани Димитровска.

На промоцијата присуствуваа голем број пријатели, соработници, колеги, спортски работници. Меѓу присутните беа: Каролина Гочева, Столе Стоилов, Панчо од ДНК, Билјана Дебарлиева, Тоше Гечески, Чедо Поповски, Сефер Цановски, Перо Камиказа, Вера од „Љубојна“, заменикот министер за култура Владимир Лазовски, Иванна Хаџиевска, Ирена Спировска, Влатко Лозаноски, Елена Петреска, Наташа Малинкова, Теа Трајковска, Наум Петрески, момците од „Дрим-Тим“, претставници од „Танец“ , Љупчо Мирковски, „Суперхикс“, „Ноќните волци“, групата „Морал“, Влатко Илиевски итн.

Вечерта беше промовирано и најновото видео за „Лево-десно“, која се наоѓа на овој албум.

Top