петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Тинејџер прегази пешак: Избегал со автомобилот, па сам се пријавил во станица

Четириесет годишен пешак е полесно повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера.

Од полицијата информираат дека вчеравечер околу 19 часот и 20 минути, на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „Опел вектра“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал 19- годишниот тетовец К.Т. и пешак Н.А.( 40 ) од Џепчиште.

-Повредениот пешак со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување, додека возачот прво го напуштил местото на несреќата, но подоцна самиот се пријавил во тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид и според првичните сознанија, причина е вршење дејствие на пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top