петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Прегазен велосипедист во Гостивар

На улица „Беличица“ во Гостивар, вчера околу 16 часот и 40 минути, се случила сообраќајна несреќа со учество на патничко возило „Рено меган“ со гостиварски таблици, управувано од 56-годишниот гостиварец М.С. и велосипед што го управувал 61-годишниот Б.Ф. од околната населба Питарница.

– Во несреќата, велосипедистот задобил телесни повреди, со медицинско возило пренесен е и задржан во гостиварската болница за натамошно лекување. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата, околностите и се друго.Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 20 илјади денари, информираат од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top