петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Групна тепачка во Кичево: Скршил апарат во казино, го претепале петмина обезбедувачи

Полицијата во Кичево поднесе кривични пријави против шест лица, жители на градот поради учество во тепачка. Кривични пријави се поднесени против С.Б. (43), А.П. (48), А.М. (31), Р.В.(50), А.Б. (24) и М.А.
(26).

На 29 октомри во близина на бензиска пумпа кај кичевското село Трапчин Дол настанала расправија помеѓу првопријавениот С.Б. и второпријавениот А.П., кој претходната ноќ скршил апарат за игри на среќа во казино ,,Аладин“ во Кичево.

Притоа С.Б. кој бил сопственик на агенција што го обезбедувала казиното, физички го нападнал А.П. удирајќи го со тупаници по целото тело. По кратко време, во тепачката се вклучиле и останатите пријавени, вработени во агенција за обезбедување кои со раце и нозе удирале по А.П.

Понатамошниот тек на тепачката е прекинат од полициски службеници по што А.П. е пренесен во општата болница каде се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Клиничкиот центар во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top