четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 44 ново

Паднал од дрво додека берел јаболка: 87-годишен маж почина на КАРИЛ

Маж на возраст од 87 години им подлегнал на тешките повреди синоќа околу 00:50 часот на КАРИЛ, откако претходно паднал од дрво.

Од полицијата информираат дека К.М. од Скопје вчера околу 15 часот бил донесен во Ургентниот центар откако паднал од дрво додека берел јаболки. Поради тешките повреди К.М. починал по полноќ на КАРИЛ.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top