петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

„Двојниот љубовник“ и „Среќен крај“ вечерва на „Синедејс“

Вечерва, во рамки на Фестивалот за европски филм „Синедејс“, во киното „Милениум“ ќе се прикажат „Двојниот љубовник“ на Францис Озон (20 часот) и „Среќен крај“ на Мајкл Ханеке (22 часот), двата од гала програмата.

Во киното „Фросина“, пак, ќе се прикажат „Трамполина“ на Катарина Зринка Матијевиќ (19 часот) и „Техеран табу“ на Али Сузандех (21 часот), а претходно, со почеток од 13 часот, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи работилница на режисерот Мирослав Момчиловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top