среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 8 ново

Холивуд го тресат скандали: Сите зборуваат за видеото во кое Деми Мур бакнува тинејџер!

Во последните неколку месеци Холивуд го тресат многубројни секс скандали и од ден за ден излегуваат нови приказни и снимки од минатото кои докажуваат за сексуалните насилства во светот на познатите и богатите.

Една од нив би можела да биде и Деми Мур, а доказ за нејзиното “бурно минато” е снимнката од 1982 година, на која го бакнува 15 годишниот глумец Филип Танзани.

Во тоа време, глумицата Мур и Танзани заедно глумеле во ТВ серијата “Општа болница”, а на прославата на 15-от роденден на Танзани, Деми Мур страствено го бакнува.

“Го обожувам Филип, тој е единствениот човек кој го сакам…Навистина го сакам, тој е најдрагата личност во мојот живот”.

Тоа што е навистина интересно е дека во тој период Деми Мур била омажена за Фреди Мур. Таа стапила во брак со него на само 17 години.

Видеото се појавило во јавноста уште во 2012 година, но голем “бум” направило сега откако Холивуд го тресат скандалите со Харви Вајнштајн.

Top