среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Кога најмоќната земја на светот ја демонстрира својата воена сила (Видео)

За прв пат после триесетина години, три американски носачи на авиони пловат заедно во борбена формација, и тоа на западниот дел од Пацификот, поточно во близина на брегот на Северна Кореја.

Борбената формација на американската воена морнарица составена од носачите на авиони „Роналд Реган“, „Теодор

Рузвелт“ и „Нимиц“ заедно со дополнителни воени бродови во нивните составни борбени групи, учествуваат во големата воена вежба која што трае четири дена во близина на бреговите на Корејскиот полуостров.

Во вежбите учествуваат и силите на американскиот сојузник – Јапонија, и тоа со два воени разурнувачи и со еден носач на хеликоптери.

„Три супер-носачи кои што моментално пловат во водите на Јапонското море, носат над 200 воени авиони, што е сила поголема од цела армија на многу земји“, пренесува британски „БиБиСи“.

Со оглед на тоа што воената вежба се изведува во близина на Корејскиот полуостров, односно во близина на Северна Кореја, јасно е дека Американците се обидуваат да им ги покажат своите „мускули“ на властите од Пјонгјанг, додека американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓа на турнеја во југоисточна Азија.

Top