сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 75 ново

Фејсбук додаде копче за донација при кризи

„Facebook“ им овозможи на корисниците нов начин да помогнат при големи катастрофи со пуштање на копче за донација. Компанијата презентираше центар за брз одговор при кризни ситуации пред неколку месеци, за да обезбеди корисни информации. Копчето за донација сега ќе обезбеди подобра помош за жртвите во неволја.

Од социјалната мрежа ќе соработуваат со непрофитната организација „GlobalGiving“, која работи со партнерски организации за да ги најде најдобрите начини за доделување средства. На овој начин, заинтересираните корисници на социјалната мрежа можат да донираат пари во време на криза без да мора да изберат одредена организација.

„Facebook“, исто така, вети дека ќе се откаже од сите давачки за донации направени за време на кризи, што е добредојден гест за жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top