сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 79 ново

Швеѓаните се одбранија во Милано: Италија нема да настапи на Мундијалот во Русија

Светското првенство кое што следната година ќе се игра во Русија ќе биде без селекцијата на Италија, откако тие беа елиминирани од Шведска во плеј-офот.

Вечерашниот натпревар во Милано заврши 0-0, што беше доволно за гостите од Шведска да чекираат карта за Русија бидејќи во првиот натпревар славеа со минимални 1-0 на домашен терен.

Извлекувањето на групите за Светското првенство кое што ќе се игра во Русија ќе се одржи на 1 декември во Москва.

Top