среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Силен земјотрес регистриран во Костарика (видео)

Земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Костарика, соопшти американскиот Геолошки институт.

Претседателот на Костарика, Луис Гиљермо Солис, истакна дека властите собираат информации за штетите и апелираше до граѓаните да останат мирни и да се подготват за дополнителни удари.

Земјотресот се почувствувал во руралното подрачје близу градот Хако во кој нема високи згради. За сега не е издадено предупредување за цунами на Пацификот.

Епицентарот на земјотресот бил 71 километар југозападно од Сан Хозе на длабочина од 10 километри.

Top