среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени

Односите меѓу Москва и Анкара можат да се сметаат за целосно обновени, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи. Рускиот претседател истакна дека Москва и Анкара ја продолжуваат блиската соработка на рeчиси сите полиња, вклучувајќи ја и безбедносната сфера и напорите за решавање на сириската криза.

Путин наведе и дека билатерална трговска размена се зголемила за 38 отсто во првите девет месеци од годинава. Ердоган на состанокот со Путин рече дека со почетокот на нормализацијата на односите меѓу двете земји, честите состаноци на лидерите дале поттик за билатералните односи.

– Нашите билатерални односи, како и соработката во решавањето на регионалните прашања, ни даваат можност заедно да гледаме во иднината, истакна турскиот претседател.

Според него, турско-руската политичка, воена, трговска и културна соработка, се зајакнуваат од ден во ден. Ердоган исто така го информира Путин за своите планови по Сочи да ги посети Кувајт и Катар.

Top