петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Го удрил и избегал од местото на несреќата: Пешак усмртен кај Арачиново

Од МВР информираат дека вчера на скопската обиколница, во непосредна близина на надвозник за село Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило удрило во пешак коj починал на самото место, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот.

Од екипа при Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top