среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Пуџдемон: Независноста не е единствено решение за кризата во Каталонија

Разрешениот претседател на Каталонија, Карлос Пуџдемон, изјави дека независноста на Каталонија не е единствениот начин за решавање на кризата меѓу Мадрид и Барселона.

На овој начин Пуџдемон уште еднаш демонстрира подготвеност за постигнување „договор” со централните власти на Шпанија.

– Отсекогаш сум бил флексибилен да ја прифатам новата реалност на променливите односи со Шпанија, изјави поранешниот каталонски лидер од Брисел.

– Ја поддржувам независноста на Каталонија во текот на целиот живот, но сè уште сум за договор што може на друг начин да осигура интегрирање на Каталонија во Шпанија, рече Пуџдемон во изјава за белгиските медиуми.

Top