сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Скопјанец заработи кривична: Ја нападнал и ограбил бившата девојка кај Универзална сала

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишниот Г.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

Пријавениот на 12.07.2017 година, во Скопје, во близина на Универзалната сала, физички ја нападнал 44-годишната С.М., со која претходно бил во лубовна врска, при што и ја зел чантата, во која што имало 3.400 денари, мобилен телефон, женски несесер и лични документи.

Top