петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Кумановец фатен на дело: Крадел пари од иконите во црква, обезбедувачите го пресретнале додека бегал

Крадец во текот на вчерашниот ден украл пари кои верниците ги оставале на иконите во црква во Куманово. Патролата на една од агенциите за обезбедување го уловила во момент кога сакал да го напушти храмот и бил запрен од обезбедувачите.

Парите кои ги зел, лицето ги вратило, а свештениците одлучиле за кражбата да не ја известат тамошната полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top