среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Тргнал во „пријателска“ посета: Возач уапсен на граница со цел арсенал оружје и 9 литри ракија

Од хрватската полиција информираат дека на крајот на  минатиот месец, на граничниот премин кај Славонски Борд на влез во Хрватска, уапсен бил 65-годишен возач кај кого била пронајдена автоматска пушка, еден пиштол од марката „Еколаб“, 94 куршуми и неколку ловечки ножеви и друго ладно оружје.

Тој во автомобилот имал и 9 литри ракија и неколку килограми тутун. Според полицискиот извештај, во неговото воило биле пронадени и значки, маици и капи со српски националнистички обележја и написи.

– Против овој возач е поднесен е поднесен налог за прекршок и кривична пријава до обвинителството во Славонски брод за недозволено поседување оружје и експлозивни направи.

Top