среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Претседателот на Филипини му запеа на Трамп (видео)

Претседателот Филипини, Родриго Дутерте, на изненадување на присутните на самитот АЕСАН во Манила, отпеа филипинска љубовна песна „Ти“, и тоа, како што откри, по барање на претседателот на САД, Доналд Трампа.

-Дами и господа, пеев ненајавено, по барање на врховниот командант на САД, рече Дутерте по „настапот.

Еден дел од текстот на песната во превод од филипински гласи: „Ти си светло на мојот свет, половина од ова срце ти припаѓа тебе“.

Дутерте пееше во дует со локалната поп-дива Пилита Коралес, пренесуваат западните медиуми.

Top