четврток, 22 февруари 2018 | Вести денес: 114 ново

Иванов упати сочувство до иранскиот претседател по повод катастрофалниот земјотрес

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати телеграма со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хассан Рухани по повод катастрофалниот земјотрес.

– Со големо жалење ги примив вестите за катастрофалниот земјотрес и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа. Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Исламската Република Иран, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Сигурен сум, господине претседател, дека со Вашето лидерство Исламската Република Иран брзо ќе ги надмине последиците од оваа природна катастрофа. Примете ги, Ваша екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување, стои во телеграмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top