петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Наставник од Кичево му се заканувал со пиштол на директорот

Тој по вербална расправија со директорот извадил пиштол велејќи му дека ќе го убие ако не го реши неговиот проблем.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 56- годишниот Ш.Ј од село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„Ш.Ј., наставник во општинско средно училиште „Дрита“ во Кичево, на 31.10.2017 година во 10.00 часот, во канцеларијата на директорот, после вербална расправија, му се заканил дека ќе го убие со пиштол, доколку не го реши неговиот проблем“, наведуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top