среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 10 ново

Хрватска парализирана од снег, невремето ги сопре и траектите (видео)

Снегот кој паѓа во Хрватска предизвикува големи проблеми во сообраќајот, и на патиштата но и на бродските линии.

Како што јавува хрватски Индекс, снег паѓа во регионот Капела, на Сљеме и на Горски Котар, а патиштата се мокри и лизгави во целата внатрешност. Силните ветришта создаваат проблеми во крајбрежните региони, а можни се и одрони на земјиште.

Во моментов е забранет сообраќајот за сите возила освен патничките кон Риека или Истра, а граничниот премин Пасјак е затворен за цел сообраќај поради сообраќаен инцидент со товарно возило во Словенија.

Поради зимските услови за возење во Горски Котар е забранет сообраќај за товарни возила, а сите останати категории мора да имаат зимска опрема.  Поради силното невреме во прекин се и голем број траектни линии.

Top