среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 6 ново

Не се најевтина, но секогаш се најдобра понуда на пазарот – лидерот во графичката и маректинг понудата „Попе компани“ прослави 20 години успешно работење   

Отсекогаш било восхитувачки да се слушне како некој го почнал бизнисот од нула, а подоцна станал лидер во областа во која работи. Токму таков пример е „Попе Компани“ , компанија која е најеклатантен пример за успешна приказна која го отсликува патот на успехот и илустрира како со ич пари, но со многу идеи и планови се стигнува до најголема компанија за графички дизајн и промотивни материјали.

„Попе компани“ е компанија која 20 години нуди комплетно графичко решение и рекламни материјали за сите пригоди и потреби со сопствено производство и услуги. Сопствениците на компанијата, која сега веќе има 23 вработени, се браќата Никола и Душан Попевски, кои се одличен пример за млади амбициозни луѓе, вистински претприемачи, кои развиле голем  бизнис од една обична идеја. Почнувајќи од нула, но со многу ентузијазам, енергија и харизма, притоа следејќи го сето она што го нуди пазарот, а клиентите го бараат, успеале во намерата да оформат графичко и рекламно мало царство кое во целост ги задоволува потребите на секој клиент, а нив ги исполнува со гордост за направеното.

Оваа компанија веќе го издаде каталогот за 2018 година, преполн со нови производи, 30 отсто од производите се сменети, а старата понуда на материјали е со нови бои. Најновиот каталог е чекор пред сите други, и е во тренд со европската понуда на материјали и артикли. Воедно тие инвестрирале и во создавање на сопствениот бренд Best, со производство во фабриките во ЕУ и Кина директно за нивни потреби, што ги доведува во чекор со трендот, секоја голема компанија од маркетингот да поседува и сопствен бренд, кој го става печатот на нивниот успех.

„Попе компани“, секојдневно го зголемува опсегот на клиенти со нивното продирање на пазарот. Задоволните клиенти го пренесуваат позитивното искуство од работењето со овој графички и рекламен лидер на пазарот, па компанијата постојао се шири и расте. Инаку оваа комапнија веќе ја прослави 20 годишнината од своето работење, по повод која вработените доделија плакета на сопствениците, Никола и Душан, со цел да им ја изразат својата благодарност и поддршка за нивното несебично залагање во успешното ширење на бизнисот кој обебзедува егзистенција на повеќе семејства. Освен ширењето на бизнисот, овие двајца млади и амбициозни млади луѓе се успешни и на приватен план, па така двајцата очекуваат принови. Никола го очекува своето прво дете, а Душан го очекува своето второ дете.Во очекување на најубавите вести тие несебично се вложуваат во работата.

Инаку она што сите ги интересира е како тие успеалае да се одржат и развијат во форматот во кој денеска постојат.

– Важен сегмент од нашето работење, еден од главните виновници за досегашниот успех е фер односот со нашите клиенти, нашите добавувачи и нашите вработени!Инвестиравме во нов модерен објект со најдобри можни услови за работа на нашите вработени и за најдобра услуга кон нашите клиенти. Расте бројот на нашите клиенти бидејќи веруваат во нашата компанија, а ние за нивната доверба секогаш им возвраќаме со одличен квалитет, брза услуга како и голем избор на рекламни и графички материјали од залиха. Не секогаш со најниски цени, но секогаш со најдобра понуда на пазарот, бидејќи кај нас квалитетот и навремената испорака се поважни. Нашата компанија е директен застапник за Македонија за познатите брендови од рекламната индустрија кои секогаш нудат квалитет како што се FRUIT OF THE LOOM, најголем светски производител на маички и друг вид на текстилни производи од САД како и ATLANTIS, најголем Европски бренд за капи, од Италија. Тука би го споменал и RITTER PEN, Германски производител на висококвалитетни пенкала и GAMAX, шпанскиот производител на привезоци, беџови, значки и машини за истите. Ги нудиме:TOM и UNILIGHT, висококотирачки брендови за квалитетни запалки. Застапуваме повеќе години големи Холандски и Шпански компании за избор на артикли по нарачка со брза испорака- вели Никола Попевски.

Неговиот брат Душан се надоврзува на муабетот, нагласувајќи дека нивното мото е КОМПЛЕТНО РЕКЛАМНО И ГРАФИЧКО РЕШЕНИЕ на сите клиенти.

-На едно место им нудиме производи од рекламниот – промо програм, како и производи од графичката индустрија, репро материјали и машини преку застапување на познати брендови. Во тој контекст би ги споменал СТ МЕДИА – сопствен бренд на нашата групација: банери, фолии, хартија и текстил за дигитален печат, АVERY – од Холандија за самолепливи фолии за катер и дигитален печат, SISER – текстилни фолии за катер и дигитален печат од Италијанско потекло со одличен квалитет, многу добро познати на нашите клиенти како и FOREVER – фолии за дигитален печат на текстил.За да клиентите да бидат до крај задоволни им нудиме машини и опрема за печатење широк формат, за печатење на текстил, сечење и гравирање на пластика, сечење на фолија, термо преси и сл. Повторно од најдобрите производители GCC, SISER, MIMAKI, HIX, ST LASER & FIBER.Со задоволство на нашите ценети клиенти, целокупната наша понуда ја заокружуваме со испорака од едно место од залиха во нашиот магацин, потпомогнато со достава со наши возила и обезбедена техничка поддршка за истото, што претставува голема предност која не издвојува од конкуренцијата, а што нашите клиенти знаат да го препознаат и ценат!Голема помош во целокупниот наш успех е поддршката од нашите роднини и пријатели, одличната соработка со сите наши дистрибутери, како и огромната поддршка од сите странски и домашни добавувачи- вели Душан Попевски.

Тие во секоја прилика нагласуваат дека не се најевтината, но се секогаш најдобрата понуда на пазарот во делот во кој работат.
– Да, точно е тоа и се гордееме што е така. На сите наши клиенти им ја нудиме најдобрата понуда што може да ја добијат на пазарот. Квалитетот на производот, квалитетот на услугата, доследноста на договореното и цената, сето тоа ставено на вага е добитната комбинација за нашиот клиент. Последните маркетинг-кампањи ни гласат „Ако секогаш сакате да го добиете она што ќе го платите“. Кај нас клиентите се научени да бараат од денес за утре, што не би требало да биде така, но затоа тука сме ние за да ги задоволиме нивниот апетит и начин на купување-едногласни се браќата Никола и Душан Попевски.


-Најважни, исто така, се искреноста и чесноста со која работиме. Ние сме една меѓу ретките фирми што знаеме и да одбиеме работа доколку не можеме да ја сработиме како што се бара или не можеме да го испочитуваме рокот за испорака што го бара клиентот. Белиот, чистиот, образ некогаш е поважен од заработката – додаваат Попевски.

Нивната препорака е во услови кога фирмите се во криза да не го намалуваат работењето, на пример нарачката на промотивни материјали, бидејќи тоа уште повеќе ќе ги повлече надолу.

-Нашите најголеми успеси беа во време на економската криза. Нашето мото е дека  токму во такви периоди треба да се вложува и работи за да се излезе од криза. Тогаш им советувавме на клиентите дека и во криза треба да инвестиратат и работат, што и ние го правевме за да сега стигнеме до она што го имаме и да бидеме водечка фирма од нашиот сектор – заклучуваат браќата Попевски.

 

Top