сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 79 ново

Снимена првата сезона од серијата „Македонија“ објавен е и трејлер

Серијата „Македонија“ е специфична љубовна приказна, каде што главен актер е американски продуцент кој доаѓа во Македонија за да прави серија за „Македонија“ и при тоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа. Неколку пати, по неколку тешки удари на проектот, скршен, за кратко решава да се откаже, но сепак, на крајот ја завршува серијата

Снимена е првата сезона од играната серија „Македонија“ која ги промовира темелните човекови вредности и објавен е промотивен спот, соопшти Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран филм“.

„Објавувањето на спотот е првиот чекор што го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста и во транспарентен процес ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Серијата нема никаква политичка заднина, првата сезона е снимена и ќе се емитува наскоро, стои во соопштението.

Од „Јадран филм“ посочуваат дека нивна единствена цел е презентација на Македонија како љубовна приказна која ќе го воодушеви и засака светот.

„Серијата на која се работеше речиси две години веќе е продадена и ќе се емитува во девет земји, се вели во соопштението од „Јадран филм“.

Серијата „Македонија“ е специфична љубовна приказна, каде што главен актер е американски продуцент кој доаѓа во Македонија за да прави серија за „Македонија“ и при тоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа. Неколку пати, по неколку тешки удари на проектот, скршен, за кратко решава да се откаже, но сепак, на крајот ја завршува серијата.

„Изработка на квалитетен и добар, а пред се и гледан производ кој ќе има гледачи во
целиот свет е задача која воопшто не е лесна ниту едноставна. За тоа говорат и бранувањата околу овој проект, коишто за жал стануваат дел од дејствието на играната серија „Македонија“. Во оваа прилика, во името на целата екипа, изразуваме благодарност за огромната поддршка што ја добивме од јавноста, како и од сите сегменти на македонското општество, токму од оние кои се дел од дејствието и дел од екипата на серијата.

Објавувањето на трејлерот е првиот чекор кој го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста, и во транспарентен процес ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Работејќи со силна верба и висока цел, ние ја снимивме првата сезона од серијата која ги промовира темелните човекови вредности. Гледајќи го трејлерот, ќе забележите дека „Македонија“ е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет – се вели во соопштението на „Јадран филм“.

Планирано е да се снимат четири сезони, со вкупно 80 епизоди. Серијата е снимана во четири држави, Македонија, Хрватска, Франција и САД.  Во серијата глумат познати актерски имиња како Емил Рубен, Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Марко Ковачевиќ, Александар Михајловски, Григор Јовановски, Александар Ристовски.

„Серијата ќе ја завршиме и јавно ќе ги презентираме сите информации со единствена цел институциите на системот и целата македонска јавност да бидат точно информирани. Нашата професионална работа е јавна, „res publica“, позади која стои нашата компанија со 71 годишна традиција, компанија која продуцирала повеќе од 200 филмови, како и најсложени и најуспешни серии за светскиот пазар“ се вели во соопштението на „Јадран филм“.

Top