среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Паника и хаос на улиците: Видео од вечерашниот страшен земјотрес од 7.3 степени

Земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала, според Американскиот геофизички институт, вечерва го погоди реонот на градот Халабџа во Ирачки Курдистан, во близина на границата помеѓу Ирак и Иран.

Епицентарот бил југозападно од Халабџа, на 103 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.

Според европскиот медитернаски сеиозмолошки центар, земјотресот бил 7,4 степени, на длабочина од 10 километри и 32 километри северно од иранскиот град Сарпол и Захаб, а ирачката метеоролошка служба пак информираше дека јачината била 7,5 степени.

Земјотресот предизвикал штета во најмалку осум ирански населени места, а во некои региони долшо и до прекин на електричната енергија. Се уште нема информации за потенцијални жртви.

Top