среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

БЕСА: Насилници од власта вршеа притисок врз граѓаните да не гласаат

Движењето БЕСА во тек на прегласување за вториот круг од Локалните избори на гласачкото место 2901 во општина Чаир преку соопштение побара од институциите, како што наведува, да создадат услови гласачите слободно да ја изразат својата волја и политичка убеденост.

Од БЕСА во соопштението истакнуваат дека „група насилни милитанти од партијата на власт“ им вршела притисок на граѓаните да не излезат на гласање.

„Бараме од МВР и на сите жители кои гласаат на гласачкото место 2901 да им ги вратат документите за лична идентификација за да можат да гласаат. Имаме обезбедено информации дека на жителите кои живееат на оваа област им се одземени документите за лична идентификација од партиските милитантни на владејачката партија, а за сето ова била информирана и МВР“, се наведува во соопштението од БЕСА.

Инаку, заврши гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласуваше вториот круг од Локалните избори 2017.

Според последните информации од Државната изборна комисија, до до 17 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.

Првичните резултати од гласањето по електронски пат ДИК ќе ги објави на веб-странцата rezultati.sec.mk по 19 часот откако ќе бидат завршени броењето и сумирањето на гласовите.

По вториот круг на изборите Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа во корист на БЕСА.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.

Top