среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 21 ново

Во ИМ 2901 во Чаир за Ганиу 169 гласа, 98 за Ибрахими

За кандидатот на ДУИ за градоначалник во општина Чаир Висар Ганиу на денешното гласање во ИМ 2901 каде се прегласуваше за Локалните избори гласале 169 лица, а за Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА 98, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) пристигнати по електронски пат.

Според податоците на ДИК, од вкупно 719 избирачи на ИМ 2901 денеска гласале 272, односно излезноста е 37,83 проценти.

На последната прес-конференција во ДИК во 17 часот попладне беше објавено дека гласањето почнало навреме и оти се одвивало непрекинато и без проблеми.
По вториот круг на изборите Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Top