среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 83 ново

Кога ќе кажам гаф мислам на Заев – премиерот не прави разлика помеѓу Словачка и Словенија

Зоран Заев и од позиција на премиер продолжува со своите гафови кои се одраз на сериозно незнаење и немање на елементарно знаење и познавање. Заев многупати до сега покажа дека не ги знае основните мерни единици од SI системот, дека не разликува хоризонтално од вертикално, но и многу други работи кои секој граѓанин со основно образование ги знае. Пред два дена Заев се надмина себе си па на официјалниот фејсбук и твитер профил средбата со словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, ја означи и напиша како средба со словенечкиот министер, малата разлика во букви на овие две држави очигледно за Заев претставува забуна па можеби и не прави разлика помеѓу нив.

Да се потсетиме…

Кој му го пуштил глупото на најјако? (Видео)

Како изгледа кога Зоран Заев не прави разлика помеѓу хоризонтално и вертикално погледнете во следното видео.

Шилегов се гази од смеење на ајроглупостите на Заев

За разлика од остаткот на граѓаните на Република Македонија Заев не знае како се мери паднатиот дожд, па има потешкотии во објаснувањето.

„До сите кои што имаат уши, а се прават слепи“: Гафовите на Заев хит на интернет (Видео)

Заев своевремено ги повика сите оние „кои што имаат уши, а се прават слепи“.

Top