среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

До 13 часот излезноста 20,86 проценти на ИМ 2901 во Чаир, гласањето мирно

Гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори се одвива непрекинато и без проблеми и дo 13 часот на гласање излегле 20,86 процнти од запишаните избирачи.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес-конференција информира дека до 13 часот од вкупо запишани 719 избирачи на гласање излегле 150, односно 20,86 отсто.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.

Следната прес-конференција на ДИК е во 18 часот. На неа ќе се соопштат податоците за излезноста на гласачите до 17 часот, како и ажурурани информации за текот на гласањето. На таа прес-конференција ќе соопштат и дали ќе имаат следна прес-конференција.

Top