среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 3 ново

Мажите конечно открија каква жена бараат… а дали воопшто знаат што сакаат?!

Најновата анкета спроведена на темата: На кој начин мажите размислуваат за жените, открива кои квалитети ги бараат кај својата партнерка.

Според резултатите, од машка перспектива идеалната жена е онаа што има изразени мајчински инстинкти и завидна интелигенција.

Дури 40% од испитаниците ги избраа мајчинските инстинкти, а 33% паметот. Околу 17% од анкетираните мажи сметаат дека кај жените им е привлечна смислата за хумор. Интересно е што само 3% од испитаниците ги истакнуваат сексуалните вештини како важен квалитет, а истиот процент од нив сметаат дека е важно жената да знае да готви убаво.

Иако оваа анкета донекаде им откри на жените што им е важно на мажите кај понежниот пол, сепак на крај жените се збунети.

Всушност, повеќето испитани мажи за идеална жена ја избраа слатката русокоса Пени од серијата „The Big Bang Theory”, која баш и не може да се пофали со мајчинскиот инстинкт, а и со паметот.

attends the 39th Annual People’s Choice Awards at Nokia Theatre L.A. Live on January 9, 2013 in Los Angeles, California.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top