среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Осум лица уапсени во Франција поради планирање терористички напади


Осум лица се обвинети и уапсени во Франција во рамки на истрагата за планирање терористички напади. Лицата се уапсени во акција на француската и швајцарската полиција, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на информации од правосудни извори.

Како што пренесуваат, осомничените биле уапсени во вторникот, а вчера биле изнесени пред судот за борба против тероризам. Тие се обвинети за учество во терористичко криминален заговор.

Во согласност со барањата на обвинителството, седуммина се во притвор, а на осмиот обвинет му е одредена судска контрола.

Top