среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 71 ново

Кашкавалот од Лазарополе се продавал дури и во Египет

Па­ту­ва­ме од Скоп­је, пре­ку Те­то­во и Го­сти­вар, па пре­ку Ма­вро­во вле­гу­ва­ме во жи­во­пис­на­та кли­су­ра на ре­ка­та Ра­ди­ка кон Де­бар. По­ми­ну­вај­ќи крај им­пре­сив­ни­от Би­гор­ски ма­на­стир, до­а­ѓа­ме до кр­сто­па­тот на­ре­чен Бо­шков Мост на не­кол­ку ки­ло­ме­три пред Де­бар. Ту­ка се упа­ту­ва­ме ле­во, по до­бар асфал­тен пат, по око­лу 5 ки­ло­ме­три поч­ну­ва­ме да се иска­чу­ва­ме по кри­ву­лест асфал­тен пат што во­ди во пла­нин­ски­те ви­си­ни на Би­стра. Отка­ко ќе ни се соз­да­де чув­ство де­ка сме на не­бо, пред нас, на над­мор­ска ви­со­чи­на од 1.350 ме­три, се отво­ра го­ле­ма ви­со­рам­ни­на на чи­и­што кар­пе­сти де­ло­ви се по­ја­ву­ва­ат ку­ќи, нај­че­сто дво­кат­ни и три­кат­ни, из­гра­де­ни од ка­мен кои по­тсе­ту­ва­ат на сред­но­ве­ков­ни твр­ди­ни. Во та­ква­та пре­циз­на ар­хи­те­ктон­ска ор­га­ни­за­ци­ја нѐ пре­че­ку­ва Ла­за­ро­по­ле. Ов­де го­ди­на­ва прв­пат се одр­жу­ва ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Ла­за­ро­по­ле цу­ти“, по­све­те­на на нар­ци­си­те кои по­кри­ва­ат це­ли по­ли­ња од не­до­пре­на­та при­ро­да, на­ре­че­ни „ли­ва­ѓе­то“ ме­ѓу ла­зо­ров­ци. По­ра­неш­ни жи­те­ли на се­ло­то и го­сти од це­ла Ма­ке­до­ни­ја при­сус­тву­ваа на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та, ко­ја уште ед­наш им ги откри не­до­пре­ни­те уба­ви­ни на овој пла­нин­ски би­сер и не­го­ва­та не­по­втор­ли­ва око­ли­на прос­ле­де­на од зур­ли­те и та­па­ни­те на Ма­јов­ци. Ла­за­ро­по­ле го­ди­на­ва е до­ма­ќин и на ра­бо­тил­ни­ца­та за ам­би­ен­тал­на му­зи­ка, по­ет­ски­от кар­ван на Друш­тво­то на пи­са­те­ли­те на Ма­ке­до­ни­ја, на „Ла­за­ро­по­ле фест“…

Lazaropole-2

Се­ло­то е нај­ви­со­ка­та и нај­у­ба­ва сел­ска на­сел­ба во Ма­ке­до­ни­ја. Сме­сте­но во ју­го­за­пад­ни­от дел на жи­во­пис­на­та пла­ни­на Би­стра, со из­во­нре­ден пог­лед кон до­ли­на­та на Ма­ла (Гар­ска) Ре­ка и кон пла­ни­на­та Сто­го­во. До­де­ка во же­шки­те лет­ни де­но­ви тем­пе­ра­ту­ра­та во гра­до­ви­те се иска­чу­ва и над 40 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, во Ла­за­ро­по­ле таа ре­тко над­ми­ну­ва 30 сте­пе­ни.

– Овој про­стор се од­ли­ку­ва со нај­го­ле­мо ко­ли­чес­тво вр­не­жи во Ма­ке­до­ни­ја, што овоз­мо­жу­ва изо­билс­тво­то на шу­ми кои го пра­ват воз­ду­хот кри­стал­но чист, свеж и ле­ко­вит. По­ра­ди тоа, Ла­за­ро­по­ле е поз­на­то ка­ко ме­сто со нај­чист воз­дух на Бал­кан­ски­от По­лу­о­стров – рас­ка­жу­ва­ат ме­шта­ни­те.

Lazaropole-3

За на­ста­но­кот на се­ло­то по­стои ин­те­рес­на ле­ген­да, спо­ред ко­ја се­ла­ни­те, бе­гај­ќи од Тур­ци­те, се скри­ле во пе­ште­ра­та, ко­ја се­ко­гаш ги за­сол­ну­ва­ла при слич­ни за­ка­ни. Ме­ѓу­тоа, за не­сре­ќа, отка­ко Тур­ци­те се од­да­ле­чи­ле од пе­ште­ра­та, Ка­ли­на поч­на­ла да пее. Тур­ци­те ја слуш­на­ле, го за­па­ли­ле вле­зот на пе­ште­ра­та и си­те се­ла­ни се за­ду­ши­ле од ча­дот, освен Ла­зар, кој по­доц­на го ос­но­вал се­ло­то кое де­нес го но­си не­го­во­то име.

– Име­то на Ла­за­ро­по­ле про­из­ле­гу­ва од ста­рос­ло­вен­ски­от збор „ла­зоръ“ што оз­на­чу­ва го­ле­мо про­странс­тво без шу­ма. Ина­ку, исто­ри­ски се сме­та де­ка Ла­за­ро­по­ле на­ста­на­ло од рас­е­ле­ни­те жи­те­ли на две поз­на­чај­ни сел­ски на­сел­би. Пр­во­то е Гла­ви­но Се­ло, кое се на­о­ѓа­ло на се­ве­ро­за­пад од Ла­за­ро­по­ле и за кое се прет­по­ста­ву­ва де­ка би­ло глав­но се­ло во ми­јач­ки­от ре­ги­он. Оста­то­ци од ѕи­до­ви и те­ме­ли на ку­ќи­те од ова се­ло сѐ уште се вид­ли­ви на не­го­ва­та ло­ка­ци­ја. Вто­ро­то се­ло е Ло­пуш­ник, кое се на­о­ѓа­ло на исток од де­неш­но Ла­за­ро­по­ле, а од не­го оста­на­ло са­мо име­то на мес­но­ста. Тра­гај­ќи по ста­ри исто­ри­ски из­во­ри за по­тек­ло­то и да­леч­но­то ми­на­то на Ла­за­ро­по­ле, доз­на­ва­ме де­ка тоа од сво­е­то по­сто­е­ње би­ло на­се­ле­но со Ма­ке­дон­ци од пра­вос­лав­на ве­ро­ис­по­вест – ве­ли ети­мо­ло­гот Бла­же Сми­лев­ски.

Lazaropole-5

Де­нес Ла­за­ро­по­ле има са­мо двај­ца жи­те­ли, од­нос­но офи­ци­јал­ни­от број пре­ку зи­ма е еден жи­тел. Тие со жа­ле­ње рас­ка­жу­ва­ат де­ка во 1900 го­ди­на се­ло­то има­ло ду­ри 3.000 жи­те­ли, но по­тоа број­ка­та се на­ма­лу­ва­ла.

– Спо­ред по­пи­сот на на­се­ле­ни­е­то од 1953 го­ди­на, се­ло­то сѐ уште би­ло ре­ла­тив­но го­ле­мо и бро­е­ло 962 жи­те­ли. От­то­гаш бро­јот на на­се­ле­ние поч­нал дра­стич­но да опа­ѓа, на са­мо 180 жи­те­ли во 1971 го­ди­на, 9 жи­те­ли во 1981 го­ди­на и 2 жи­те­ли во 1994 го­ди­на. Де­нес Ла­за­ро­по­ле е ту­ри­стич­ка де­сти­на­ци­ја би­деј­ќи ло­кал­ни­те жи­те­ли одам­на го има­ат на­пу­ште­но ка­ко трај­но жи­ве­а­ли­ште. По­ве­ќе­то од нив се вра­ќа­ат за да ги ре­но­ви­ра­ат ста­ри­те се­меј­ни ку­ќи и да ги иско­ри­стат ка­ко при­бе­жи­ште за од­мор од лет­ни­те же­шти­ни – ве­лат ме­шта­ни­те.

Ина­ку, ла­зо­ров­ци, ка­ко што се на­ре­ку­ва­ат са­ми­те, се про­чу­е­ни ка­ко лу­ѓе без влак­но на ја­зи­кот ко­га е во пра­ша­ње ви­сти­на­та. Се­ко­гаш нас­ме­а­ни, под­го­тве­ни за ше­ги, пес­ни и за оро, но, исто та­ка, под­го­тве­ни и „фи­зич­ки да се прес­ме­та­ат“ со тој што ќе се оби­де да из­ле­зе пред нив ко­га е во пра­ша­ње во­де­ње на „Те­шко­то“.

Во Ла­за­ро­по­ле се пра­ви мно­гу ква­ли­те­тен ка­шка­вал и бе­ло си­ре­ње. Во ми­на­то­то се про­да­ва­ле во поб­ли­ски­те и во по­да­леч­ни­те ме­ста: во Би­то­ла, Со­лун, па ду­ри и во Еги­пет. За бро­јот на ов­ци­те во ми­на­то­то го­во­ри еден по­да­ток за про­чу­е­ни­от ќа­ја од Ла­за­ро­по­ле, Ѓур­чин Ко­ка­ле. Ме­шта­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка ко­га не­го­ва­та пр­ва ов­ца ќе стиг­не­ла во Со­лун, пос­лед­на­та трг­ну­ва­ла од ба­чи­ла­та на Би­стра. Поз­на­ти­от шарп­ла­ни­нец сѐ уште е дел од ста­да­та кои мо­же да се за­бе­ле­жат на ли­ва­ди­те. И ако од да­ле­чи­на­та ве здог­ле­да­ат ла­за­ро­пол­ски­те шарп­ла­нин­ци, не пла­ше­те се. Тие ги пре­че­ку­ва­ат пат­ни­ци­те со ве­се­ло ма­вта­ње на опа­шка­та. Ла­за­ро­по­ле е поз­на­то и по ло­кал­на­та тра­ди­ци­о­нал­на ар­хи­те­кту­ра, лет­на­та умет­нич­ка ко­ло­ни­ја, ка­ко и по­ра­ди окол­на­та не­до­пре­на при­ро­да. Ко­га се го­во­ри за Ла­за­ро­по­ле, тре­ба да се наг­ла­си де­ка ла­за­ро­пол­ска­та но­си­ја, осо­бе­но жен­ска­та, е ед­на од нај­поз­на­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја. Таа се од­ли­ку­ва со не­во­о­би­ча­е­но бо­гат­ство на де­та­ли.

– Иск­лу­чи­тел­но е слич­на со дру­ги­те ми­јач­ки но­сии, ка­ко таа од Га­лич­ник, Тре­сон­че, Су­ши­ца, Га­ри итн. На жен­ска­та но­си­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат бе­ла­та бо­ја и цр­ве­на­та бо­ја. Бе­ли­те клаш­не­ни об­ле­ки, укра­се­ни со цр­ни гај­та­ни, се глав­на од­ли­ка на ма­шка­та ми­јач­ка но­си­ја – ве­лат ет­но­ло­зи­те.

Lazaropole-6

Глав­на сел­ска цр­ква во Ла­за­ро­по­ле е цр­ква­та „Св. Ве­ли­ко­ма­че­ник Ѓор­ѓи“, ко­ја не­о­дам­на бе­ше огра­бе­на и оста­на без ико­ни­те од им­пре­сив­ни­от ико­но­стас. Цр­ква­та би­ла из­гра­де­на во 1841 го­ди­на и прет­ста­ву­ва мо­ну­мен­тал­на град­ба, оп­кру­же­на со ѕи­ди­ни од дел­кан ка­мен. Ен­те­ри­е­рот е де­ло на ле­ген­дар­ни­от Ди­ми­трие Пер­ко­ски (Ди­чо Зо­граф) од ми­јач­ко­то се­ло Тре­сон­че.

Lazaropole-8

Де­нес Ла­за­ро­по­ле е пре­поз­нат­ли­ва ту­ри­стич­ка де­сти­на­ци­ја. По­се­ти­те­ли­те се ре­кре­и­ра­ат, пе­ша­чат и пла­ни­на­рат по мно­гу­број­ни­те па­те­ки кои во­дат низ шу­ми­те и ви­со­ки­те де­ло­ви на Би­стра, ка­ко и до со­сед­ни­те пре­крас­ни ми­јач­ки се­ла Га­ри, Тре­сон­че, Сел­це и Ро­со­ки, и, се­ка­ко, по­се­та на ма­на­стир­ски­от комп­лекс „Св. Јо­ван Кр­сти­тел“. Освен тоа, овој пре­дел е од­ли­чен за пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам, ја­ва­ње ко­њи, па­раг­лај­дерс­тво и ед­но­став­но наб­љу­ду­ва­ње и ужи­ва­ње во при­ро­да­та. За Ла­за­ро­по­ле мо­же уште мно­гу да се пи­шу­ва, но нај­у­ба­во е да се по­се­ти и да се до­жи­вее. Тоа е род­но ме­сто на го­лем број твор­ци, по­е­ти, рез­ба­ри и сли­ка­ри. Ту­ка се ро­де­ни: Ан­те По­пов­ски, ака­де­мик, по­ет, есе­ист, пре­пе­ју­вач, пуб­ли­цист, Си­мон Дра­кул, рас­ка­жу­вач, ро­ман­си­ер, драм­ски автор, сце­на­рист, исто­ри­чар, пре­ве­ду­вач, Ѓур­чин Ко­ка­ле­ски, пре­род­бе­ник и пи­са­тел, кнез и прет­при­е­мач, ар­хи­ман­дрит Ана­то­лиј, Иса­и­ја Ма­жов­ски, ма­ке­дон­ски на­ци­о­на­лен де­ец, Ва­сил Ико­но­мов, учи­тел, фолк­ло­рист, ет­но­граф, пе­ча­тар, пре­ве­ду­вач, ка­ли­граф итн.

Lazaropole-7

Со сво­ја­та пре­крас­на по­лож­ба, при­ро­да, ар­хи­те­кту­ра и уни­кат­ност, Ла­за­ро­по­ле прет­ста­ву­ва ви­стин­ски пре­диз­вик за по­се­та, осо­бе­но во овие же­шки де­но­ви, а ќе се вра­ти­те од­мо­ре­ни, вос­хи­те­ни и пол­ни со по­зи­тив­на енер­ги­ја од овој пре­у­бав крај на Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top