сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Снежен бран и ниски температури ќе го зафатат Балканот

Многу студен воздух на самиот почеток од следната недела ќе започне да се спушта на Балканот од северните географски широчини. Токму овој студен воздух ќе услови формирање на моќен циклон некаде над Италија и Јадранот па токму поради ова ќе има врнежи од дожд, снег и засилен ветер. Како температурите на воздухот ќе опаѓаат така снежната граница ќе се спушта се пониско па така веќе во понеделник навечер и во вторник врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места на Балканот особено во делови од Босна, Србија и Црна Гора. Ќе дојде до формирање и на значителна снежна покривка особено на повисоките места и на планините (преку 50 цм) а снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места, локално и нешто поголема. Следната недела снежна бајка очекува и главниот град на Босна, Сараево.

 

извор:метеопро

Top