среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Ги избркал од казиното, а тие го начекале и го скршиле од ќотек – нападнат обезбедувач

Повредено обезбедувањето во едно скопско казино. Утринава  во 05.50 часот во Полициската станица Центар, А. Б. од с.Блаце, скопско, пријавил дека истиот ден околу 02.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, во казино додека вршел работни задачи како обезбедување, две непознати почнале да ги вознемируват играчите обраќајќи им се на англиски јазик.

Тој ги предупредил лицата за недоличното однесување, меѓутоа тие продолжиле со таквото однесување, по што биле отстранети од казиното. Околу 04.00 часот кога А. Б. излегол да направи обиколка околу објектот ги забележал двете непознати лица со кои што претходно имал проблеми во казиното при што тие физички го нападнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top