четврток, 22 февруари 2018 | Вести денес: 99 ново

290.000 евра помош од Косово за семејствата на осудените во „Дива населба“

Косовската Влада донесе одлука со која ќе издвои 290.000 евра на име трошоци на семејствата за осудените во случајот „Дива населба“.

Премиерот Рамуш Харадинај на седница на Владата изјави дека на секое семејство ќе му бидат доделени по 10.000 евра.

„На семејствата ќе им се доделат по 10.000 евра на име непредвидени трошоци. Списокот на лицата кои ќе добијат средства веќе го имаме“, посочил Харадинај, а пренесе Македонската информативна агенција.

Тој претходно на средба со семејствата на осудените во случајот, им ветил дека максимално ќе се заложи за „повторно, праведно и коректно судење“ на нивните најблски од кумановската група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top