сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Хрватска ја наполни мрежата на Грција

Репрезентацијата на Хрватска забележа убедлива победа со 4-1 против Грција со што „коцкестите“ направија голем исчекор кон пласман на Светското фудбалско првенство во Русија следната година.

Во првиоот меѓусебен бараж дуел одигран синоќа на „Максимир“ во Загреб, домашните фудбалери уште по првиот дел создадоа два гола предност. Хрватска поведе по само 13.минути игра со голот на Лука Модриќ од пенал. Веќе во 19.минута Никола Калиниќ зголеми на 2-0.

Сократис Папастодополус во 30.минута намали на 2-1, но грчката надеж дека може да се извлече поволен резултат ја згасна Иван Перишиќ со голот постигнат по три минути подоцна (33).

Уште на самиот старт на вториот дел, односно во 49.минута Андреј Крамариќ го постигна четвртиот гол за домаќините, а воедно и конечниот резултат Хрватска – Грција 4-1.

Трите гола разлика кои ќе ги имаат Хрватите во реваншот во Атина закажан по три дена (недела – 12 ноември) се голема предност за „коцкесите“, за да ја пропуштат шансата за нивно учество на Мундијалот во Русија.

Top