среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

По четири години пријател на Шумахер ја откри вистината за здравствената состојба

Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, доживеа несреќа на крајот на 2013. година на француските Алпи при скијање. Наредните шест месеци беше во вештачка кома, а потоа беше префрлен на одделението за рехабилитација во 2014.

За него кружеа многу приказни, па за дел од нив семејството тужеше и дел од таблоидите.

Пријател на Шумахер четири години по несреќата вели дека семејството не се двои од шампионот, дека постојано е со него и дека се оптимисти дека ситуацијата ќе се подобри.

– Корина и децата и понатаму веруваат во чудо, изјавил пријателот кој сакал да остане анонимен.

Неговото опоравување според него, оди во добар правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top