понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Почина Антонио Карлучо, еден од најпознатите светски готвачи

Славниот тв-готвач Антонио Карлучо почина вчера во 81. одина од животот.

Познатиот шеф се појавуваше во многубројни серии за готвењето, вклучувајќи ја и „Двајца незаситни Италијанци“ на Би-би-си во кој партнер му беше Џенаро Конталдо.
Напишал повеќе од 10 бестселери за готвењето, а во 2012 година и мемоари.
Има и свој синџир на ресторани.
Џејми Оливер му оддаде почест на својот „прв лондонски шеф“, бидејќи пред 25 години кариерата ја започнал во ресторанот на Карлучо во Ковент гарден.
„Беше харизматичен, шармантен дон на се италијанско“, напишал Оливер на Инстаграм.

Карлучо ги основал рестораните „Карлучо’с“ во 1999.

Роден е на северозападот на Италија и работел како новинар во Торино, пред да се пресели во Виена па во Германија и на крајот во Лондон.

Кралицата го прогласила за свој витез во 2007 година поради извонредниот придонес во индустријата на кетерингот, а во 2012 година ја добил Угостителската награда за животно дело.

Италијанската влада му ја доделила титулата „Комендаторе“, што е еквивалент на британските витези.

Карлучо на малите екрани се појавувал подолго од четвртина век.

Неговото кујнско мото било едноставно – „минимум компликации, максимум вкус“.

Напишал повеќе од 20 книги посветени на тестенините, зеленчукот и печурките.
Неколку месеци пред смртта, работел на детската книга чијшто главни ликови се две печурки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top