среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 96 ново

Кејт Мидлтон го покажа трудничкиот стомак

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија дека нивното трето дете ќе се роди во април следната година.

Војвотката го привлече вниманието на гала-вечера што се организираше во Кенсингтонската палата, а за Центарот за ментално здравје „Ана Фројд“. За време на свеченоста таа поразговара со семејства на кои им има помогнато Центарот, како и со претставници на хуманитарната организација посветена на менталното здравје на децата.

Таа беше облечена во фустан од тантела со потпис на Дајен фон Фирстенберг. Истиот фустан што го носеше и додека беше бремена со принцезата Шарлот, пред речиси три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top