петок, 20 април 2018 | Вести денес: 53 ново

Седум години нема снимено филм: Во што се претвори легендарниот Џек Николсон?

Џек Николсон, еден од најталентираните актери на сите времиња по кокаинот и жените има нова опсесија – зависност од храна.

Иако има 80 години, Николсон тежи повеќе од 160 килограми, пишуваат американските медиуми. Тој е фотографиран на еден натпревар на ЛА Лејкерс, неговиот омилен кошаркарски клуб, на чии средби доаѓа веќе 40 години. Има најдобри места за седење, во прв ред, па фотографите го „фатиле“ со раскопчана кошула од каде ѕиркал стомакот на Николсон.

Тој веќе седум години нема снимено нов филм, а во холивудските кулоари се зборува дека ги одбива улогите кои му се нудат наводно поради тоа што му е нарушена концентрацијата и не може да ги памти репликите. Ова е најверојатно поради долготрајната употреба на кокаин.

– Уште сум див во срцето, но ме погоди животната гравитација – изјави во свој стил најноминираниот актер во историјата на „Оскар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top