петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

„Магор“ ќе ја промовира книгата „1500 Aphorisms in One Point“ („1500 афоризми во една точка“) од Киро Урдин

Издавачката куќа „Магор“ вечерва ќе ја промовира новата книга од Киро Урдин насловена „1500 Aphorisms in One Point“ („1500 афоризми во една точка“).

Како што самиот наслов сугерира, книгата содржи избор од 1500 афоризми на англиски јазик, испреплетени со генијалните цртежи на авторот, вклопени во ексклузивно издание во тврда подврска. Книгата ќе ја промовира Јордан Плевнеш.

Промоцијата ќе се одржи во клуб-ресторанот МКЦ со почеток од 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top